Традиционалната Меѓународна трилатерална погранична средба “Краиште” 2025 годинава ќе се одржи во сабота, 12 јули 2025 година, за време на христијанскиот празник Петровден.
Програмата ќе започне во 11:00 часот , на познатата локација во месноста Голеш, село Голеш , на тромеѓето помеѓу Република Северна Македонија, Бугарија и Србија.
Манифестацијата е во организација на трите погранични општини, Ќустендил, Крива Паланка и Босилеград.
Настанот ќе биде збогатен со богата културно- уметничка програма.На едно место и годинава, заеднички ќе го празнуваат големиот христијански празник Петровден – Македонци, Бугари и Срби од трите страни на границата.
На денот на одржување на манифестацијата – отворен ќе биде граничниот премин Краиште во периодот од 7:00 до 19:00 часот.
Граѓаните ќе можат непречено да се движат и да ја минуваат границата со важечки лични и патни исправи.
Настанот е дел од програмата на “Кривопаланечко културно лето” 2025.





