Летната сцена на градскиот плоштад во Крива Паланка блескаше во боите на детската имагинација за време на одржувањето на
“Шеќерна приказна”, музички театарски спектакл за најмладите.
Омилената приказна за шеќерното дете, претставата за слаткарот Марко, коларот Ване и слаткото шеќерно дете пристигна во Крива Паланка во продукција на „Артленд Арт“, со волшебна костимографија и сценографија.
Актерите донесоа вистинска магија на сцената и приредија извонредна забава за сите дечиња, но и за возрасните.
Ова беше уште едно прекрасно доживување во рамки на Кривопаланечко културно лето 2025.







