Благодарница за градоначалникот Митовски од Синдикалната организација на управни органи на Општина Крива Паланка

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, денес доби благодарница за континуираната поддршка и грижа за секој вработен во локалната самоуправа што ја пружа преку поддршката на синдикалната организација на управни органи на Општина Крива Паланка во изминатите.

Признанието денес му беше врачено од страна на претседателот на УПОЗ на Општина Крива Паланка, Зоран Павловски, со што и официјално беше промовирана и афирмирана особената финансиска поддршка од страна на градоначалникот Митовски на синдикалната организација.

-Чест е да се добие благодарница од претседателот на Синдикалната организација на управните органи на Општина Крива Паланка, но уште поголема е одговорноста што таа ја носи. Поддршката што синдикатот ја добива во изминативе години не е само ставка во буџетот, туку искрен израз на почит, доверба и грижа кон луѓето кои секојдневно го движат општинскиот систем напред. Задоволен вработен значи посветен, мотивиран и достоинствен човек кој верува во институцијата во која работи. А таму каде што има човечност, има и напредок. Продолжуваме заедно, со разбирање, почит и визија, истанка Митовски.

Реализацијата на визијата за функционална општина во интерес на секој граѓанин се огледа и во поддршката на сидникалната организација, но се потврдува и преку  транспарентноста, професионалноста и отчетноста на локалната самоуправа, за што редовно Општина Крива Паланка добива признанија од релевантните институции во овие области: ИСО Сертификатот  доделен од овластеното сертификационо тело ИНТЕРЦЕРТ, потврда за постојано унапредување на услугите, ефикасноста во работењето за граѓаните, признанието од УСАИД за највисока даночна транспарентност во државата, заедно со Берово, а Крива Паланка е лидер во Североисточен регион, како и  подобрената проактивна транспарентност и отчетност во работата пред граѓаните, признаена од Агенција за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.

Големина на фонт
Контраст