Во рамки на активностите од тригодишната Развојна програма на Општина Крива Паланка, отпочнаа градежните работи на терен за реконструкција и рехабилитација на ул.„Јане Сандански“ – крак 1 и крак 2, во населбата Црквена маала.
За реализација на проектот ќе бидат инвестирани средства во висина од 3.800.000 денари од буџетот на Општина Крива Паланка, со што ќе се подобри локалната патна инфраструктура и во овој дел од централното градско подрачје.
Општина Крива Паланка останува посветена на реализација на проекти за подобрување на условите и квалитетот на живот на сите жители.
Тековно, во Крива Паланка финишираат и активностите за уредување на нов зелен урбан парк кај комплексот згради до градскиот зелен пазар, што се гради во рамки на проектот „ПАРКС – зачувување на областите преку регионално знаење и одржливост“, што Општина Крива Паланка го имплементира во рамки на ИНТЕРЕГ – ИПА програмата на Евопската Унија за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Бугарија.
И во населба Бавчал’к се уредува просторот кај комплексот згради, кадешто се обновуваат спортските терени за фудбал и кошарка, за најмалите ќе биде поставенодетско катче, а партерно ќе се уреди и паркот со нов зелен концепт.