Градоначалникот Митовски на увид во изградбата на канализација во Конопница 

Изградбата на новата канализациона мрежа во селото Конопница, во месноста Трнци е во полн ек, а градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, заедно со стручните служби од општината изврши увид во градежните работи на терен.

Се градат повеќе краци од проектот за нова канализација во Конопница, во вкупна должина од 1800 метри, а мештаните непосредно го искажаа задоволство од реализација на овој значаен проект што решава еден децениски проблем во ова населено место.

Градоначалникот истакна дека задоволството на граѓаните е најдобра потврда за работата на општината и заложбите за креирање подобри услови за сите жители на општината.

-Работиме за граѓаните, тие се најважни.

Градиме и вложуваме во проекти за сите жители на општината, рече градоначалникот Митовски.

Проектот за изградба на канализација во овој дел од Конопница е со вкупна вредност од околу 7.500.000 денари, од кои 5.000.000 денари се обезбедени преку Министерство за ивотна средина и просторно планирање, додека 2.500.000 денари се инвестираат од буџетот на Општина Крива Паланка.

Според динамиката на градба, се очекува за околу еден месец проектот да биде завршен.

Големина на фонт
Контраст