Дневен ред на 53-ра седница на Советот на Општина Крива Паланка

Врз основа на член 39, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 65 и 67 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 53-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 29.05.2025 година (четврток ) во 13,00 часот.

Д н е в е н р е д:

Усвојување на записници од 52-та седница

1. Предлог – Одлука за усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Крива Паланка К1 , К2 и К3 за I Квартал за 2025 година;
2. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Буџетот на Општина Крива Паланка за 2025 година
3. Предлог – Правилник за утврдување на постапката за остварување на „Право на додаток за домување на материјално и стамбено необезбедени лица кои се корисници на право на социјална парична помош односно гарантирана минималана помош“;
4. Предлог– Одлука за одобрување на финансиски средства за реализација на програмска активност„Право на додаток за домување на материјално и стамбено необезбедени лица кои се корисниици на право од социјална заштита односно гарантирана минимална помош“;
5. Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства на ОО Црвен Крст-Крива Паланка за реализација на програмска активност „Ваучер за купување на гардероба на лица корисници на услугата на Дневен центар за лица со интелектуална и телесна попреченост и лица во згрижувачки семејства евидентирани во ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работа-Крива Паланка“;
6. Предлог-Одлука за доделување на месечна субвенција на секој ученик кој ке се запише во прва година во СОУ „Ѓорче Петров“ Крива Паланка во учебната 2025/2026 година ;
7. Предлог-Одлука за утврдување на реонот на основните училишта „Илинден“ и „Свети Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка;
8. Предлог-Одлука за доделување на стипендии за подршка на млади таленти одОпштина Крива Паланка;
9. Предлог-Одлука за доделување на стипендии за ученици спортисти во индивидуални спортови и ученици спортисти во екипни спортови кои учат во основните училишта на подрачјето на Општина Крива Паланка и средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2025/2026 година;
10. Предлог-Одлука за субвенциониран превоз на студенти за студиската 2025/2026 кои студират на државните универзитети во Скопје, а се жители на Општина Крива Паланка;
11. Предлог-Одлука за давање согласност на годишниот план за вработување за 2026 година на ООУ Илинден Крива Паланка;
12. Предлог-Одлука за давање согласност на годишниот план за вработување за 2026 година на ООУ Св.Јоаким Крчовски Крива Паланка ;
13. Предлог –Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Крива Паланка во областа на културата и културните манифестации за 2025 година;
14. Предлог-Одлука за давање на согласност за трансфер на средства на други субјекти за реализација на активности предвидени со Програмата за активностите на Општина Крива Паланкаво областа на културата и културните манифестации за 2025 година;
15. Предлог-Одлука за давање на согласност за отпис на електронска и електрична опрема на СОУ “Ѓорче Петров” Крива Паланка врз основа на извршен попис на електронска и електрична опрема за 2024 година;
16. Предлог-Одлука за отстапување на Е-Отпад на општина Крива Паланкана ЕЛКОЛЕКТ ДОО Скопје
17. Предлог – Одлука за искнижување од деловните книги на расходувана електронска, сметачка и друга опрема, канцелариски намештај и друга опрема, ПП опрема и ПП апарати и останата неспомната опрема;
18. Предлог – Одлука за Резервирање на средства за експропријација во Буџетот на Општина Крива Паланка за 2025 година;
19. Предлог-Одлука за времена дислокација на зелен градски пазар ;
20. Предлог-Одлука за организирање и дефинирање на условите за доставувањена стока на подрачјето на Општина Крива Паланка;
21. Предлог –Одлука за усвојување на Извештај – елаборат за процена и утврдување на висината на штета настаната од природни непогоди и други несреќи на територијата на Општина Крива Паланка ;
22. Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за подигање и одржување на урбано зеленило во Крива Паланка за 2025 година;
23. Предлог-Одлука за давање согласност на Извештај за рабата на ЈП „Комуналец’ – Крива Паланка за 2024 година;
24. Предлог-Одлука за усвојување на финансиски извештај за работа на ЈП Комуналец Крива Паланка за I–от квартал за периодот од 01.01.2025 година до 31.03.2025 година ;
25. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во Општина Крива Паланка за 2025 година;
26. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр. 3110/1 и дел од к.п.бр.3112 во КО Крива Паланка, Општина Крива Паланка ;
27. Предлог-Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на наменитe за к.п.бр. 7805 во КО Конопница, Општина Крива Паланка .

СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Претседател,
Изабела Павловска , с.р

Големина на фонт
Контраст