Врз основа на член 62 и член 10 од Законот за урбанистичко планирање („Сл.весник на РСМ“ бр.32/20, 111/23, 171/24 и 224/24) и член 23 од Статутот на општината Крива Паланка („Сл.гласник на општината Крива Паланка“ бр. 08/10, 08/14, 02/18, 03/19, 08/21, 01/23 и 05/23) градоначалникот на Oпштина Крива Паланка го дава следното
Изработката на Урбанистички проект вон опфат за сообраќајна инфраструктура за изградба на локален пат во с.Градец, преку н.м.Милевци до спој со регионалниот пат Р2245 во Општина Крива Паланка ќе се одвива во рамките на следниот опфат:
Проектниот опфат кој е предмет на уредување со Урбанистички проект вон опфат за сообраќајна инфраструктура за изградба на локален пат во с.Градец, преку н.м.Милевци до спој со регионалниот пат Р2245 во Општина Крива Паланка, е во КО Градец и КО Осиче со површина од 57.416,56 м2 (5,74ха) и претставува земјиште на кое ќе се изгради локален пат во должина од 4525,2 метри.
Проектна документација се изработува по програма на општината и прифатена иницијатива за изработка на урбанистичка документација од страна на Комисијата за урбанизам на Општина Крива Паланка.
Јавниот увид на Урбанистички проект вон опфат за сообраќајна инфраструктура за изградба на локален пат во с.Градец, преку н.м.Милевци до спој со регионалниот пат Р2245 во Општина Крива Паланка ќе се спроведе со објава на урбанистичкиот проект на официјана службена веб страна на Општина Крива Паланка : www.krivapalanka.gov.mk
Јавната анкета ќе трае 15 дена од денот на објавувањето на Соопштението, започнуваќи од 22.05.2025 година заклучно до 12.06.2025 година.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Пристигнатите забелешки ги разгледува Комисијата за урбанизам во Општина Крива Паланка која составува записник со образложение за прифаќање и неприфаќање на забелешките, што се објавува на службена веб страна и му се испраќа на изработувачот на урабанистичкиот проект за да ги вгради во планско-проектната документација.
Општина Крива Паланка
Градоначалник
Сашко Митовски




