Започна изградбата на првата катна гаража во Крива Паланка, нови 166 паркинг места во градот

Денес во Општина Крива Паланка беше означен почетокот на реализација на проектот за изградба на првата модуларна, монтажна катна гаража во градот што претставува значаен исчекор во решавањето на проеблемот со недостиг на паркинг места.

Модуларниот паркинг со монтажно – демонтажна челична конструкција ќе овозможи паркирање на возила на две нивоа, со две излезно – влезни рампи и вкупен број од 227 паркинг места, од кои во оваа, прва фаза предвидена е изградба на 166 паркинг места на две нивоа, со една рампа, тоалети и канцеларии.

-Означуваме почеток на еден капитален проект кој директно носи решавање на еден од најгорливите, децениски проблеми, во нашиот град, недостигот од паркинг места. Задоволство ми е што денес официјално стартува проектот на првиот од ваков вид монтажен објект во Крива Паланка чијашто изградба е планирана да заврши до крајот на оваа календарска година и ќе донесе нови 166 паркинг места во општината. Проектот е има единствена цел, да обезбеди јавен паркинг простор за потребите на граѓаните и посетителите, да донесе урбана слика во централниот градски реон и функционалност на оваа локација. Проектирана е и фаза 2 – што засега нема да се изведува, но како општина работиме интензивно на обезбедување средства за реализација и на втората фаза со која се предвидени уште 53 паркинг места, изјави градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски.

Проектот е вреден околу 67.000.000 денари, Општина Крива Паланка издвојува средства од опствениот буџет за кофинансирање, додека формации се одобрени од Владата на Република Северна Македонија, преку Министерство за транспорт.

Модуларната катна гаража е прво јавно паркиралиште од овој тип во општината, со кое стопанисува Јавното претпријатие „Калин Камен“, Крива Паланка и ќе претставува сигурно место за паркирање со достапност на паркинг места за потребите на граѓаните.

-Во изминатиот период бевме максимално псоветени на изнаоѓање соодветно, модерно и функционално решение, за да конечно направиме голем исчекор кон решавање на сообраќајниот метеж и регулирање на овој реален проблем наталожен со години. Одлучни сме и работиме напоредно на зонското паркирање што ќе го регулира целосно проблемот со паркирање и ќе ја подигне на високо ниво сообраќајната култура во градот, додаде Митовски.

Покрај изградбата на катната гаража општината има изработено и проект за фотоволтаичен парк на покривот од гаражата,со моќност од еден мегават.

Големина на фонт
Контраст