Денот на пожарникарите, 20 Мај, во Општина Крива Паланка годинава ќе биде одбележан со повеќе активности што во текот на утрешниот ден ќе се реализираат во организација на Територијалната противпожарна единица, Крива Паланка, во соработка со повеќе локални институции.
Одбележувањето на 20 Мај ќе се започне со активности во двете основни училишта од градот, ООУ „Свети Јоаким Крчовски“ и ООУ „Илинден“, каде од 8:30 до 10:30 часот за првпат ќе бидат организирани натпревари за ракување со противпожарна опрема – пумпа за вода т.н. брентача.
Подоцна следува тактичко-показна вежба за гасење на пожар на бензинска пумпа, што ќе трае од 10:30 до 12 часот, а ќе се спроведе на бензинската „Мак-Петрол“ на обиколницата во градот, за што до ТППЕ Крива Паланка ги информираат граѓаните дека за време на вежбата ќе се користат звучни и светлосни сигнали кои не треба да предизвикаат вознемирување или паника, туку се дел од симулациската вежба.
Учесници во оваа вежба ќе бидат: ТППЕ, „Мак-Петрол“, ОВР Крива Паланка и ОО Црвен Крст Крива Паланка.
Традиционално, по повод 20 Мај, Црвен Крст Крива Паланка и ТППЕ Крива Паланка во соработка со инситутот за трансфузиона медицина Скопје ќе спроведе крводарителска акција во периодот од 9 до 15 часот.