Тексомак отпочна со воспоставување на систем за селекција на текстилен отпад во општина Крива Паланка

Компанијата  Тексомак е колективен постапувач со текстилен отпад со која општина Крива Паланка  пред извесно време потпиша Договор за соработка и спроведување на соодветни активности на подрачјето на општината.

Тексомак е компанија што едуцира,промовира координира и воспоставува инфраструктура и систем за селективно собирање, сортирање и рециклирање на текстилен отпад .

Оваа компанија мошне сериозно започна да ги спроведува утврдените  активности  во општина Крива Паланка согласно  договорот, така да  по спроведените  едукативни  работилници со младите од училиштата и градинките,како и  промотивните состаноци  со текстилните компании и комуналното претпријатие од општината  достави и четири соодветни контејнери за собирање на текстилен отпад.

Граѓаните ги поздравија овие активности и за само пет дена два пати ги наполнија овие контејнери . Контејнерите  за почетокот ќе бидат мобилни  и на неделно  ниво ќе ги менуваат локациите  за кои навремено ќе бидат информирани  со цел да бидат опфатени  поголем број на граѓани кои сакаат соодветно  да го одложат својот текстилен отпад.