Градоначалникот на Општина Крива Паланка, г. Сашко Митовски, во текот на вчерашниот ден учествуваше на работна средба организирана во просториите на ЗЕЛС (Заедница на единиците на локалната самоуправа), заедно со претставници и членови на Управниот одбор на ЗЕЛС, како и со Министерот и Заменик-министерот за транспорт и врски.
На состанокот биле разработени теми од клучно значење за сите општини во државата, а посебен акцент бил ставен на потребата од донесување на унифициран Правилник за поставување на урбана опрема, со цел зголемување на стандардите за безбедност, заштита и спасување и договорено е ЗЕЛС да достави свој предлог на разгледување во Министерството за да може да се започне постапка на изменување и дополнување на соодветниот Закон.
Како што изјави градоначалникот Митовски , работната гупа при ЗЕЛС започнала со изработка на нова, унифицирана постапка за поставување урбана опрема – со што ќе се олесни и стандардизира пристапот за сите општини и се очекува во разумен рок да биде подготвен нов, функционален и ефикасен Правилник.
На оваа средба биле дискутирани суштествени прашања за Општините, а усвоени се следните заклучоци:
-Стандардите за урбана опрема да се дефинираат со Правилник, чие изготвување ќе го координира ЗЕЛС.
-Прашањето за легализација на објекти изградени по 2011 година ќе биде дополнително разгледано на нова средба во мај.
-Полагањето испити за службеници од локалната самоуправа се очекува да започне наскоро, со завршени подготовки за техничка опременост и изработка на подзаконски акти.