Жителите на населеното место Трнци, село Конопница, наскоро добиваат нова канализациона мрежа, инвестиција вредна 7.000.000 денари, средства обезбедени од Министерство за животна средина и просторно планирање.
Со овој значаен проект општината обезбедува подобри услови за жителите на Конопница, каде насокоро ќе се реши уште еден децениски проблем на граѓаните, проблемот со вода за пиење.
Со средства од Европската инвестициска банка преку Министерство за животна средина и просторно планирање, наскоро, по избор на изведувач на градежните работи, ќе се реализираат два нови проекти вредни 500.000, со кои ќе се гради: 8 километри нова водоводна линија Вирови-Грамаѓе и ќе се изврши доизградба на градска водоводна линија Крива паланка-Конопница.
Општина Крива Паланка продолжува да гради, инвестира и вложува во подобрување на условите за живот за жителите на Конопница и на сите граѓани.




