Денес во општинската сала, градоначалникот Сашко Митовски додели 14 нови договори за стипендирање и поддршка на младите таленти -ученици средношколци и студенти, како и стипендии за спортисти ученици од средното училиште и основните училишта на подрачјето на општина Крива Паланка.
Стипендиите се доделени врз основа на распишаниот Конкурс за доделување на стипендии за талентирани ученици и студенти и распишаниот Конкурс за доделување на стипендии за спортисти-ученици во индивидуални спортови и ученици спортисти, во екипни спортови од основните училишта на подрачјето на општина Крива Паланка и средните училишта од РС Македонија за 2024/2025 година.
Оваа година, Општина Крива Паланка стипендира вкупно 35 ученици и студенти од градот, од кои 14 стипендисти се нови потписници на договори за стипендии, а останатите се стипендисти кои ја продолжуваат стипендијата од претходната година согласно условите предвидени во договорот.
Стипендиите се во висина од 3.000 денари месечно, а се исплатува 9 (девет) месеци во годината.
Градоначалникот Митовски упати честитки до стипендистите, и посакувајќи им успеси на сите животни полиња им порача да бидат пример за своите врсници, гордост на нивните родители, професори, тренери.
„Вие сте и наша гордост и иднина и затоапродолжете да нижете успеси и да нѐ радувате, а јас како градоначалник заедно со мојот тим, секогаш сме достапни и отворени да ги решаваме вашите потреби и приоритети и како вистински пријатели на младите, заедно со вас, да работиме и градиме подобри услови за сите нас“, изјави градоначалникот Митовски пред присутните стипендисти.







