Ова е отчет за тригодишниот мандат на градоначалникот Сашко Митовски. Во него се забележани податоците за сработеното, сите реализирани и отпочнати проекти, урбаниот развој, културните настани, меѓународната соработка и средби, како и другите активности на општината и градоначалникот.
“Ништо во животот не доаѓа без љубов и голема посветеност, вложен труд, дисциплина и континуитет. Без тоа, нема успех, а да се работи со срце за градот во кој сме се родиле, каде што твориме и создаваме, е света должност, зошто по нас треба да оставиме град, кој сите ќе го чувствувуваме како наш дом и подобро место за живеење за идните генерации“, ваш градоначалник Сашко Митовски.





