Во текот на вчерашниот ден, во рамките на своите активности градоначалникот Арсенчо Алексовски изврши увид на градежните работи кои се во тек во општина Крива Паланка.
[embpicasa id=”5997959754682638433″]
Беше извршен увид за текот на изградбата на фекалната канализација во село Мождивњак која е во напредна фаза на градба. Градоначалникот се запозна со текот на изградбата на улицата „Биљинска“ во населба Лозаново каде се врши тампонирање на носивиот слој и решавањето на атмосферската канализација како и на улицатата „Дивљанска“ во населбата Баглак 3 каде се изведуваат завршни работи оклоу изградбата на потпорните ѕидови.
Градежните работи продолжуваат и во текот на наредните денови согласно предвидената динамика.