Средба на градоначалникот Алексовски со пенизонерите

Денеска 28.11.2013 (четврток), во просториите на пензионерскиот клуб,  градоначалникот на општина Крива Паланка г.Арсенчо Алексовски,  претседателот на Совет на општина Крива Паланка г. Борче Стојчевски, директорот на ЈП „Комуналец“ г. Томе Тодоровски и претставници од општинската администрација одржаа состанок со пензионерите.

На состанокот градоначалникот Алексовски  ги презентираше досегашните реализирани и тековни проекти  и активности  на Општина Крива Паланка.

Присутните пензионери поставуваа прашања на кои добија соодветни одговори од претставниците на  институциите,  дадоа свои предлози и сугестии за унапредување на животот во општината, а истовремено изразија задоволство и благодарност за посетата и желбата за нивно вклучување во процесот на донесување на одлуки на локално ниво.


Големина на фонт
Контраст