Во тек е интензивната градба на локалниот пат во село Конопница во должина од 4,7 километри и ширина на коловозната лента со асфалт од 3.5 метри. Во моментот покрај асфалтирањето се работи и на поставување на ивични ленти кои се изработуваат од бетонски ивичници, изработка на риголи и канали за одвод на атмосферската вода до претходно изградените армирано-бетонски пропусти.
Асфалтиран е пат во должина од 2,5 км со дебелина на асфалт (АБНС 16) од 7 см со претходно поставен тампон од камена дробина. Изведувач на градежните работи е АД Гранит од Скопје.