На ден 26.08.2013 г. Советот на Општина Крива Паланка одржа свечена седница по повод празникот на градот „Свети Јоаким Осговски“. На седницата беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Општина Крива Паланка-Република Македонија и Општина Татлису-Северна Турска Република Кипар.
Градоначалникот на Општина Крива Паланка г.Арсенчо Алексовски и Градоначалникот на Општина Татлису г. А.Хајри Орџан во своето обраќање пред советниците и другите многубројни гости нагласија дека соработката за која се склучува Меморандумот е на полето на економските односи, социјалата, културата, образованието, спортот, туризмот и размената на информации.
На свеченоста во Крива Паланка присуствуваше и делегација од збратимениот белгиски град Самбервил, претставувана од градоначалникот г. Жан Шарлс Луперто, кој воедно е и претседател на Валонскиот Парламент во Белгија, како и делегации од Општина Трговиште и Општина Вршац од Република Србија и други видни гости и пријатели.
Градоначалникот на Општина Крива Паланка на сите официјални гости им врачи пригодни подароци како и плакета со ликот на големата хуманистка Мајка Тереза. На гостите од Самбервил-Белгија, кои за прв пат учествуваат на Фолклорниот фестивал „Св. Јоаким Осоговски“, им беше врачена најколоритната и најреперезентативната народна носија типична за кривопаланечкиот крај.