Здружението на комунални инспектори на С.Македонија одржа редовен годишен состанок во најчистата општина во државата-Крива Паланка

Општина Крива Паланка денес беше домаќин на Здружението на комунални инспектори на С.Македонија, кои го одржаа редовениот годишен состанок во најчитиот град за 2022 година- Крива Паланка.

Во рамки на овој состанок, од страна на комуналните инспектори беше истакнато дека токму Крива Паланка бележи 100 % -процентна реализација на годишните програми за Јавна чистота и Уредување на јавни површини и зеленило и воедно ја потенцираа видливата грижа и посветеност кон оддржувањето на чистотата во локалната заедница.

Градоначалникот на Општина Крива Паланка изрази подршка на работата на Здружението за подобрување на статусот на Овластените комунални инспектори, нивната професионална надлежност и активностите кои ги спроведуваат кон зачувување на животната средина. Продолжуваме да работиме за беспрекорно чиста и уредна општина.

Големина на фонт
Контраст