Општината набави нови униформи за пожарникарите

Градначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, денес ја посети Територијалната противпожарна единица по повод новонабавените униформи, комплетирани согласно потребите за нивната служба.

Општина Крива Паланка изврши набавка на комплетно нови униформи: зимско палто, дуксер, пантолони, мајци со долг ракав, мајци со краток ракав, поло капа и зимска капа.

Набавката е извршена по четири години од последно реализираната во 2018 година.

Градоначалникот при средбата и разговорот со командирот Иле Коцевски и пожарникарите им посочи дека опремувањето на ТППЕ продолжува, како и излегувањето во пресрет на барањата на пожарникарите – спасители за максимална ефикасност на службите во интерес на граѓаните.

Тој најави дека во кординација со останати надлежни министерства и служби ќе биде набавена дополнителна опрема, а ќе се изврши и доекипирање на единицата.

Големина на фонт
Контраст