На ден 30.04.2013 година на ул.Св.Јоаким Осоговски, Општина Крива Паланка во соработка со основните и средното училиште организира првомајски крос натпревар за ученици од 12 годишна возраст до 18 годишна возраст. Учениците ќе бидат поделени според возраста во четири категории, а во секоја категорија ќе има по две групи (машки и женски).
Кросот ќе се одржи со почеток во 11.00 часот според следната агенда:
Прва група (шесто одделение деветолетка)
Старт-стара симитчија
Цел-Плоштад
Втора група (седмо одделение деветолетка)
Старт-стара симитчија
Цел-Плоштад
Трета група (седмо и осмо одделение осмолетка)
Старт-Јакомо техноцентар
Цел-Плоштад
Четврта група (ученици од средно образование)
Старт-Пицерија Елит
Цел-Плоштад