Со настап на македонски артисти „Тајфата” и “ДНК” синоќа започна новогодишната културно- забавна програма во Крива Паланка.
На преполниот плоштад во Крива Паланка со весели и насмеани лица, во разиграна атмосфера со одлична забава и видливо расположение, посетителите имаа нескојдневна можност да уживаат во одличната изведба на двата македноски бенда „ДНК“ и „Тајфата“.
Празничната атмосфера од првата вечер, беше одлична најава и почеток за богатата културна програма од “НОВОГОДИШЕН БАЗАР 2022”, која продолжува до 31 декември, затоа не пропуштајте да бидете дел од прекрасните мигови на новогодишната бајка во нашата Крива Паланка.




