Општина Крива Паланка заедно со изведувачот на градежните работи ГП „Гранит“ продолжија со санација на ударните дупки во општината. Беа санирани и асфалтирани оштетените асфалтни површини на улица „Херој Карпош“ каде беа вградени 440 м2 асфалт. Исто така е санирана и улицата „Лозановска“ во населба Лозаново каде беа вградени 338 м2 асфалт. Градежните активности продолжуваат и во наредните денови.