На 8 и 9 Октомври, за време на празнувањата на градот во Крива Паланка се одржа уште еден настан што ја збогати културната програма во градот – “Средновековен фестивал 2022”
Во кејот на Крива Река беше поставен логор со средновековен стил и манир на живеење што привлече бројни туристи и посетели.
Во кејот, на летната културна сцена во градот се одржа “Средновековниот фестивал” што Локалната установа Градски музеј Крива Паланка го организираше во рамки на проектот “Одржливо искористување на културното наследство на Крива Паланка и Дупница”.
Проектот е финансиран од ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Р.С.Македонија на Европската унија.
Коорганизатор на фестивалот заедно со градскиот музеј беше „Историски поставки „Чигот“ од Бугарија.




