Во ученичкиот дом „Боро Менков“ од Крива Паланка, во пресрет на католичкиот празник „Св.Валентин“, се оддржа креативна работилница за одбележување на празникот на вљубените. Повторно волонтерите од Америка, Линда, Мишел и Џастин, беа водачи на работилницата, како дел од соработката што волонтерите ја имаат со ученичкиот дом повеќе од една година.
Оваа работилница имаше особено значење за децата, младите и сите вклучени во неа, бидејќи се празнуваше љубовта низ мултикултурализам, комуникација и креативност. Младите подаруваа еден на друг срциња и нараквици кои сами ги изработија. На оваа работилница дојде до израз и соработката на домот со локалната средина бидејќи беа поканетите деца од градот кои исто така беа дел од овој настан и со задоволство сите заедно се дружеа и разменуваа идеи.
Како најинтересен дел од овој хепенинг во чест на Денот на вљубените беше забавата со колачиња во форма на срце, музика и игра. Со желба за повторна средба сите се разделија со уште едно позитивно искуство од меѓусебното дружење.