Општина Крива Паланка во текот на изминатиот период, после обилните дождови, ги санира појавените одрони на локалните патни правци. Со ангажирање на работници и градежна механизација во тек е санирање на патниот правец Крива Паланка-с.Станци, каде појавата на одрони е најголема.
Општина Крива Паланка и во наредниот период ќе продолжи со расчистување на одроните во зависност од нивниот интезитет и временските услови.