ОДДРЖАН ПРВОМАЈСКИ ОПШТИНСКИ КРОС 2022 во знак на одбележување на денот на Европа во Крива Паланка

По повод одбележување на  Денот на Европа,  во организација на Општина Крива Паланка и Europe House Крива Паланка денес  се оддржа Првомајски општинскиот крос 2022 и пригоден хепенинг  на централниот градки плоштад, во прилог на европскиот идентитет на сите народи на европскот континент.

Околу  350 млади лица се приклучија на Првомајскиот крос, кој започна со пригодно дружење на градоначалникот Митовски и заменик шефот на оделот за политички работи при Делегацијата на ЕУ, г-дин Феручио Бого со младите спортисти од Крива Паланка.

Младите од Крива Паланка  имаа можност во директна комуникација да го искажат својот  мотив за учество во спортот, но и потребите кои ги имаат, но зборуваа и раскажуваа раскажаа за свите инспиративни спортски искуства и успешните спортски приказни.

Стартот на првомајскиот крос беше означен од Спортскиот комплекс  и беше поделен во две етапи и тоа:

Прва етапа – Инклузивен маратон, којсе одвиваше  по долж на пешачката патека немаше  напреварувачки карактер. Беше употребена стратегија на трчање, но и стратегија на одење и брзо одење, а учество во оваа етапа земааа и  лицата со посебни потреби.

Втората етапа-Маратон од натпреварувчки карактер, кој се трчаше по главната улица. Во него учествуваа млади лица од различни категори и се натпреваруваат на различни дистанци.

На централниот градски плоштад беа дочекани сите учесници во натпреварувачкиот дел од маратонот, а на најбрзите им беа доделени  и медали за соодветно освоените места.

Младите кривопланчани, како и гостите од ЕУ комисијата, имаа можност да ја ја погледнат изложбата „Младински приказни“ на младиот уметник Роберт Крстевски. Оваа изложба е направена преку интервјуа со млади лица, а има за цел да се упати порака, младите да бидат повеќе вклучени во секоја општествана сфеа и нивниот глас да биде слушнат.

Како дел од овој мал хепенинг беше и пефромансот на модерен танц од страна на Dance TEAM Fusion од Куманово, а завршниот дел на манифестацијата беше препустен на ДЈ Сет на млад ДЈ

Целта на сите овие настани е да го прославиме денот на Европа  и да ги негуваме Европските вредности со желба за поблиска Европска иднина на нашата земја.

Големина на фонт
Контраст