Интензивно се работи на реконструкција на пешачката патека кон манстирот „Св. Јоаким Осоговски“

Градоначалникот Борјанчо Мицевски денеска заедно со проектниот тим изврши увид во градежните работи кои се во тек за уредување на локалитетот „Бабин Дол“.

Интензивно се работи на реконструкција на пешачка патека со должина од околу 900 метри, која ја опфаќа трасата од спортскиот комплекс кон манастирот „Св.Јоаким Осоговски“. На оваа локација ќе биде поставено осветлување и ќе се уреди коритото на т.н. Бабин Дол.

Уредувањето на локалитетот е дел од прекуграничниот проект „Одржливо користење на културното наследство во Дупница и Крива Паланка “, што се реализира преку ИПА програмата на ЕУ за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Северна Македонија.

Вкупниот буџет за реконструкцијата изнесува 188.485 евра. Изведувач на градежните работи е Цвет компани ДООЕЛ, а изградбата треба да бидат завршена за период од 6 месеци.

 

Големина на фонт
Контраст