35-то издание на  Меѓународната ликовна колонија „Свети Јоаким Осоговски“

Градоначалникот Борјанчо Мицевски го посети 35-то издание на Меѓународната ликовна колонија „Св.Јоаким Осоговски“, која е една од најстарите ликовни манифестации од ваков вид и единствена која се реализира во сакрален амбиентален простор.

На овогодинешната ликовна сесија учествуваат 11 ликовни творци од земјата и странство и тоа: Данчо Ордев, Стефан Хаџиниколов, Мирјана Крстева Масети, Валентина Илијевска, Лазо Ѓоргиевски, Нела Јанковска, Дејан Иванов – Маргуш од Република Северна Македонија, Светозар Тасиќ од Србија, Снежана Мелник од Украина и Георги Андонов и Љубима Брдарова од Бугарија.

Уметниците работат по слободен тематски пристап, принцип со кој од основањето до денес се негува слободата на духот и творештвото.

Колонијата ќе трае од од 08-14 септември, а создадените дела ќе се презентираат во манастирската галерија, во ЛУ Градски музеј Крива Паланка и во повеќе градови во земјата.

Оваа значајна уметничка манифестација е подржана од Министерството за култура, Општина Крива Паланка и од манастирот „Св.Јоаким Осоговски“.

 

Големина на фонт
Контраст