Женската кошаркарска репрезентација до 16 години на припреми во Крива Паланка

Женската кошаркарска репрезентација до 16 години, деновиве е во Крива Паланка на припреми за престојното ФИБА првенство во Т’билиси, Грузија, што ќе се одржи од 8 до 15 август 2021 година.

За време на подготовките, репрезентацијата слободно ги користи спортските капацитети на општина Крива Паланка, каде воедно се одиграа и два контролни пријателски натпревари со репрезентацијата на Бугарија, но без присуство на публика.

Градоначалникот Борјанчо Мицевски организираше средба со младите кошаркарки и стучниот штаб и им посака топло добредојде, пријатен претстој во Крива Паланка и  успех на првенството во Грузија.

– Благодарение на вложувањето во изградбата на спортската инфраструктура, како и благодарение на успехот на полето на екипните спортови во градот, Крива Паланка прерасна во кошаркарки град и расадник на млади спортски таленти, а сега веќе и вистински спортски тренинг центар. Затоа, ни претставува огромна чест, вашите подготовки за ФИБА првентството да бидат тука во Крива Паланка, која ги задоволува условите за ваков тип на подготовки, изјави градоначалникот Мицевски пред присутните.

Претставниците на стручниот штаб се заблагодарија за гостопримливоста и одличните услови, што ги имаат тука, а за возврат на сетоа тоа, ветија и одлични професионални разултати како и идни посети на Крива Паланка.

 

Големина на фонт
Контраст