Вакцинација против Ковид-19 без закажан термин и теренска вакцинација во Крива Паланка

Во Здраствениот дом во Крива Паланка од денеска започна вакцинација на населението без закажување на термин,  во  делот за Ковид-19 вакцинација,  секој работен ден од 09.00 часот до 13.00 часот. Граѓаните се вакцинираат со вакцината на „Синовак“.

Теренска вакцинација се врши на посебен пункт  – Пункт за теренска вакцинација. Сите вакцинирани мора уредно да се евидентираат и да се закажат за ревакцинација. На терен се пополнува и се дава картонче за вакцинација.

Термините за теренска вакцинација се дадени во табелата:

Установа: ЈЗУ Здравствен дом Крива Паланка
Населено место Датум за теренска вакцинација Час (не е задолжително)
 С. Дурачка Река (амб.)  12.07.2021 год.  9-13 часот
 С. Станци  12.07. 2021 год. 11-13 часот
 С. Дубровница  (амб.)  13.07 2021 год.  9-11 часот
 С. Луке (школо)  13.07.2021 год. 11-13 часот
 С. Жидилово (амб.)  14.07.2021 год.  9-11 часот
 С. Узем  14.07.2021 год. 11-13 часот
 С. Огут  15.07.2021 год  9-11 часот
 С. Нерав  15.07.2021 год. 11-13 часот
 С. Герман  16.07.2021 год.  9-11 часот
 С. Пклиште  16.07.2021 год. 11-13 часот
 С Ранковце  19 и 20.07.2021 год.  9-13 часот
 С. Конопница  21.07. 2021 год.  9-11 часот
 С. Мождивњак  21.07.2021 год. 11-13. часот

Во Здраствениот дом во Крива Паланка  непречено се одвива и ревакцинација со вакцината на „Астра Зенека“ на пациентите кои ја имаат примено првата доза од истата, секој ден од 07.00 до 15.00 часот.

Големина на фонт
Контраст