Дебата за eвропските младински цели и младите на локално ниво

Градоначалникот Борјанчо Мицевски денес оддржа дебата со млади од Општина Крива Паланка на тема- Европски младински цели 2019-2027 со идентификација на меѓусекторските области што влијаат на животот на младите и  на предизвиците на локалните млади.

Настанот беше реализиран на иницијатива на Советот на млади на Општина Крива Паланка, а се оддржа во соработка и координација со Europe House-Крива Паланка.

Градоначалникот Мицевски во рамки на дебатата ги информираше младите и го сподели досегашното искуство на Општина Крива Паланка во полето на соработка и вклученост на младите во активности што успешно се реализиранирани во општината, а воедно ги најави и идните планирани активности што конкретно се однесуваат на исполнување на потребите на младите. Во тој контекст градоначалникот ја најави и изградбата на новиот простот за кретивни млади – Младинскиот дом, проект кој треба да ги задоволи реалините потреби на младите од општина Крива Паланка.

Пред присутните млади, Мицевски зборуваше за иницијативата за формирањето на Совет на млади, како советодавно тело на Општина Крива Паланка, за процесот на изработка на Стартегија за млади на општина Крива Паланка 2019-2024, со цел подобрување и унапредување на положбата на младите, примената на нивните права и задоволување на младинските потреби, подобрување на квалитетот на животот на младите, како и зацврстување на заложбите на Општина Крива Паланка, младите да станат дел процесите на носење на одлуки на локално ниво.

Мицевски информираше за активностите на Општината во полето на модернизацијата на воспитно-образовниот процес и унапредување на средното стручно образование, инклузивноста и вклученост на социјалниот аспект во образованието, мотивацијата за наставниот кадар и учениците преку доделување на стипендии, награди, признанија. Воедно ги потенцира и активностите на Општината за обезбедување на спотрски содржини и спортска инфраструктура за здрав живот на сите млади, вклучувајќи ги и лицата со посебни потреби.

На дебатата беа разгледани 11 европски младински цели призлезени од Стратегијата за млади на ЕУ 2019 – 2027 и беше направена корелација со целите на Стратегијата за млади на Општина Крива Паланка.

Според овие цели, соработката со младите ќе го искористи максимално нивниот потенцијал за креирање младинска политика. Воедно  има за цел и да го поттикнува учеството на младите во демократскиот живот, го поддржува социјалниот и граѓанскиот ангажман и има за цел да обезбеди сите млади да ги имаат потребните ресурси за да учествуваат во општеството.

Стратегијата за млади на ЕУ се фокусира на 3 збора: ангажирајте се, поврзете се, зајакнете.

Големина на фонт
Контраст