Реализирана прва успешна соработка помеѓу ООУ „Јоаким Крчовски“ и ЕУ инфо центарот во градот

Во Крива Паланка се реализира прва успешна соработка помеѓу ООУ „Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка и ЕУ инфо центарот (Europe House). Учениците од ова училиште под менторство на професорката Лариса Жулина-Митовски за прв пат остварија настап во Europe House-Крива Паланка. Уметниците се претставија со инструментални музички композиции од реномирани европски композитори, како дел од одбележувањето на 9. Мај – Денот на Европа, Денот на победата над фашизмот и Денот на мајките.

Професорката Жулина-Митовски изрази задоволство од успешниот настап на младите музичари и од, за прв пат, остварената соработка со Европската куќа во градот.

– Навистина е задоволство што за прв пат остваривме соработка со Europe House-Крива Паланка, во чии простории настапија нашите музичари. Амбиентот беше прекрасен, а посебно радува што по подолго време имавме настап со физичко присуство што е одлично искуство за учениците во услови на онлајн настава. Моите ученици се многу среќни од настапот во живо, нивните родители се гордеат што си нив, бидејќи одлично се претсавија пред професионалните камери, порача професорката Лариса Жулина-Митовски.

Дел од уметничкито израз на младите таленти може да погледнете од видеото во продолжение.

https://fb.watch/5pgmx3GvNu/

 

Големина на фонт
Контраст