Известување – ограничување на пристапот во службените простории на Општината

Се известуваат граѓаните на Општина Крива Паланка дека во периодот од 16.03.2020 година (понеделник) до 20.03.2020 година (петок), ќе биде ограничен пристапот на граѓаните во службените простории на Општина Крива Паланка.

Оваа мерка е неопходна во наведениот период, а имајќи ги во предвид заклучоците, мерките и препораките усвоени од Владата на Петнаесеттата седница, одржана на 10 март 2020 година, во врска со потребата од преземање на дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус).

Апелираме до граѓаните на општина Крива Паланка да ги сведат на неопходен минимум сите посети во службените простории на Општина Крива Паланка, освен во случаите кога се работи за неопходна и неодложна потреба која што произлегува од тековни постапки пред надлежните служби во Општината, во кои присуството на граѓаните е неопходно потребно, заради успешно водење и спроведување на самите постапки, без непотребно пролонгирање и пробивање на законските рокови.

Сите граѓани кои имаат потреба од услугите на Општината, во гореспоменатиот временски период, може да остварат контакт по електронски пат:

Врз основа на горенаведеното, ги известуваме сите граѓани кои имаат закажани термини за прием кај градоначалникот на Општина Крива Паланка на ден 19.03.2020 година (четврток), дека истите се одложени и приемниот ден нема да се одржи, а за дополнителни термини, истите ќе бидат дополнително контактирани од страна на соодветните служби.

ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Градоначалник
Борјанчо Мицевски

Големина на фонт
Контраст