Во Крива Паланка синоќа беше отворено десеттото, јубилејно издание на Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“, со вечер посветена на овогодишниот лауреат, познатиот македонски актер Благоја Чоревски.Осврт на неговото дело дадоа театарскиот критичар и селектор на фестивалот, Гоце Ристовски и Тодор Кузманов, театролог и театарски критичар.
-Тој e повеќе од четири децении присутен на театарската сцена во Македонија и на меѓународната културна сцена. Станува збор за добар актер и сериозен уметник. Чоревски израснува во квалитетен творец, посветен на професијата, предан, професионален, одговорен и прецизен во креацијата на улогите од кои голем дел остануваат да важат како антологиски и му го гарантираат заслуженото место во пантеонот на македонското глумиште и макеоднскиот театар, воопшто – рече Кузманов.
Чоревски е на сцената уште од неговата шеста година, потекнува од најтеатарското семејство во Македонија и има запишано повеќе од сто улоги. Неговиот татко е основоположник на македонскиот театар и актер во првата претстава на македонски јазик „Платон Кречет“.
-Она што на некаков начин ние симболички го правиме со врачувањето на ова признание е метафоричко одбележување да те носи по патеките на вашата супериорност и посакувам секаде да ве следи ореолот на Свети Јоаким Осоговски и на сцените во вашата супериорна актерска кариера, но се разбира, и секаде во животот – порача Ристовски.
Чоревски се заблагодари на честа да биде лауреат на јубилејното еднодецениско постоење на фестивалот и рече дека ова признание многу му значи.
-Кога го добив ова признание и кога видов кој се застанал на оваа сцена да го добие, почнувајќи од мојата мајка, колешка и партнер на сцената, големата Милица Стојанова, бев особено трогнат. Нам, на актерите, секое признание, секое мало хартииче ни е особено драго. Навистина многу ми значи, среќни се тие што ја имаат, и се надевам дека секогаш ќе ја доделувате на лицата со вистински вредности – рече Чоревски.
Јубилејни награди по повод десетгодишнината на фестивалот им беа врачени на доајенот на македонското актерство, Милица Стојанова, Страшо Милошевски, актер и девет години уметнички директор на фестивалот, Гоце Ристовски, драмски критичар, новинар, публицист, драматург, Антонито Давитковски, координатор на проектот, Стојанче Величковски, автор на фестивалските плакати, фотограф и уметник и на водителот и афирматор на фестивалот, Жаклина Цветковска.
Актерската дива по потекло од Крива Паланка, Милица Стојанова, присутните ги почести со краток монолог во знак на благодарност за прзнанијата на сите добитници.
-Убавината на театарот не е само тоа што, како велат, живот значи, туку и во неповторливоста на мигот на изведбата, миг на уметноста кој ја надживува вечноста. А актерот е тоа величество на театарот кој со неговата скромност, почитуван колку што е во ова наше општество, зашто според мене, театарот не е на тоа рамниште кое го заслужува, не му значат ниту финансиите, ниту наградите и останати признанија, туку живее само за аплаузот и тоа е таа убавина и таа човечност која живее во сите вас, овде присутни и во сите актери – рече Борјанчо Мицевски, градоначалник на Крива Паланка, прогласувајќи го за отворено десеттото јубилејно издание на фестивалот.
Тој се заблагодари на сите заслужни за досегашниот добар тек и раст на фестивалот во деценијата зад нас и посака фестивалот да слави стотици јубилеи.
Фестивалот ќе трае седум дена, а ќе настапат девет театраски куќи и актерски ансамбли од Бугарија, Хрватска, Србија и Македонија.
Фото галерија
Виртуелен асистентЗдраво! Прашајте ме што било за оваа веб-страница — одговарам само од објавената содржина.Одговори од оваа веб-страницаПрашајте за оваа веб-страница…ИспратиОтвори го асистентотЗатвори разговорИзвори:Нешто тргна наопаку. Обидете се повторно.
Даноци и таксиФИНАНСИИКои локални даноци и такси ги плаќам и што е потребно за данок на промет на недвижности?
Одлуките и обрасците за локалните даноци и локалните такси се објавени на страницата Даноци и такси, од каде можете да ги преземете.
Данок на промет на недвижности — потребни документи
При договор за купопродажба потребно е да поднесете:
Даночна пријава (образец ПП-50) со платена административна такса од 300 денари на уплатна сметка 840-138-03182, приходна шифра 722315, цел на дознака „заверка на пријава“;
Договор за купопродажба во 6 примероци, потпишани од договорните страни;
Имотен лист во 2 примерока (еден оригинал и една фотокопија), не постар од 6 месеци, на име на сопственикот;
Барање со такса од 100 денари за секоја договорна страна, на истата сметка и шифра, за издавање уверенија.
Е-услуги и пријави проблемУСЛУГИКои услуги можам да ги завршам онлајн и како да пријавам проблем до општината?
Пријави проблем
Проблем во вашата населба (комунален, инфраструктурен и друг) можете да пријавите директно преку електронската форма Пријави проблем — со опис, контакт податоци и по потреба прилог документ или фотографија.
Барањето за еднократен финансиски надоместок за новороденче може да се поднесе електронски преку платформата „мЗаедница“, достапна и како мобилна апликација за Android и iPhone.
Парична помош и субвенцииСОЦИЈАЛНА ЗАШТИТАКакви субвенции и еднократна парична помош доделува Општина Крива Паланка?
Општина Крива Паланка доделува еднократна парична помош и субвенции за повеќе категории граѓани:
За новороденче — 15.000 ден. (аплицирање 01.01.2026 – 15.01.2027)
За првоодделенче — 3.000 ден. (01.06.2026 – 15.09.2026)
За матуранти во СОУ „Ѓорче Петров“ — 3.000 ден. (01.02.2026 – 15.03.2026)
За набавка на велосипед за млади — 4.000 ден. (01.01.2026 – 31.12.2026)
За ученици запишани во прва година во СОУ „Ѓорче Петров“ — 2.000 ден. месечно
Еднократна парична помош за лица во социјален ризик
Бесплатно летување за деца од 7 до 14 години
Условите, потребните документи и обрасците се објавени на страницата Еднократна парична помош и субвенции. Барањето за новороденче може да се поднесе и електронски преку Е-Услуги („мЗаедница“).
Контакт и приемни деновиОПШТИНАКои се контакт податоците на општината и кога се приемните денови кај градоначалникот?
Општина Крива Паланка
Адреса: ул. Св. Јоаким Осоговски бр. 175, Крива Паланка
Тел./факс: 031/375-035
Е-пошта: opkp@krivapalanka.gov.mk
Приемни денови кај градоначалникот
Градоначалникот Сашко Митовски прима граѓани во малата сала при Општина Крива Паланка, секој работен ден од 08:00 до 10:00 часот, а средби се одржуваат и во сабота.
Е-пошта на градоначалникот: gradonacalnik@krivapalanka.gov.mk · Прашање можете да поставите и преку Прашај го градоначалникот.
Поставени се cookies на Вашиот уред со цел да подобри функционалноста на оваа веб страница. На нашата веб страница користиме колачиња за да Ви дадеме најрелевантно искуство со
запомнување на Вашите преференци и повторени посети.
Полиса за колачиња
Задолжителни Сесиските колачиња се привремени колачиња, кои се зачувуваат во датотеката на колачето на
Вашиот интернет пребарувач додека не ја завршите сесијата на него. Овие колачиња се
задолжителни за одредени апликации или функционалности на нашата веб-страница за нејзина
правилна работа.Сесиските колачиња се користат со цел да Ви овозможиме да ги добиете
услугите кои сте ги побарале преку нашата веб страница. Без овие колачиња, услугите кои сте
ги побарале нема да може да Ви бидат испорачани. Овие колачиња автоматски ќе бидат
избришани од Вашиот уред со прекинување на тековната сесија или затворање на
прелистувачот. Овие колачиња може да се користат за запомнување на Вашите претходни
активности како што е на пример пополнување на апликација за вработување („Apply for this
job“), при враќање на претходната страница за време на истата сесија (користење на „go back“
опција).
The English translation of krivapalanka.gov.mk is provided by Google Neural Machine Translation to assist you in reading the content of the website. Google Translate cannot translate all types of documents, and may not provide an exact translation. Anyone relying on information obtained from Google Translate does so at his or her own risk. The Manucipatility of Kriva Palanka does not make any promises, assurances, or guarantees as to the accuracy of the translations provided. The Manucipatility of Kriva Palanka , its officers, employees, and/or agents shall not be liable for damages or losses of any kind arising out of, or in connection with, the use or performance of such information, including but not limited to, damages or losses caused by reliance upon the accuracy of any such information, or damages incurred from the viewing, distributing, or copying of such materials.