Североисточниот плански регион (СИПР) доби веб портал /www.northeneasttourism.com/ за промоција и развој на туризмот како дел од проектот „Создавање на предуслови за основа за развој на туризмот во североисточниот плански регион – фаза I“.Овој проект има за цел да создаде услови за поставување на основа за развој на туристичката индустрија во СИПР, да го промовира значењето на развојот на оваа индустрија за економскиот раст на регионот и да ги идентификува моделите за почетен развој на туризмот.
Североисточниот регион е еден од осумте статистички региони на Македонија и опфаќа шест општини, и тоа: Кратово, Крива Паланка, Куманово, Липково, Ранковце, Старо Нагоричане.




