Соопштение за спроведување национална кампања за влијанието на климатските промени врз земјоделството

Почитувани,

Центарот за Еколошка Демократија Флорозон од Скопје во соработка со Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството на РМ ја започнува кампањата за адаптација на земјоделството кон климатските промени во Република Македонија. Кампањата се спроведува во рамките на проектот: „Локална акција за глобална климатска адаптација“ кој е финансиски поддржан од Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје и предвидува организација на карван кој покрај информативна, ќе има и советодавна улога. Карванот ќе ја започне својата мисија во Битола на 26.9.2016 на плоштадот Магнолија ,  а промотивните настани ќе продложат во Крива Паланка (28.9.2016), Куманово (3.10.2016), Штип (5.10.2016), Струмица (10.10.2016), Скопје (12.10.2016), Прилеп (17.10.2016), Кавадарци (19.10.2016) и Тетово (24.10.2016).

Негативните влијанија на климатските промени претставуваат најголема закана за земјоделското производство, имајќи предвид дека тоа е една од носечките гранки на економиите во земјите во развој. Од особена важност е да се подигне знаењето и свеста кај земјоделците за ризиците и проблемите кои ги очекуваат, но и можностите за нивно надминување преку превземање на конкретни мерки и активности.

Република Македонија спаѓа во исклучително ранлив регион и последиците од климатските промени врз производството на храна се чувствуваат секојдневно. Со цел прилагодување на начините на производство, како обезбедување на оптимални приноси од страна на домашните земјоделци, во рамките на проектот „Локална акција за глобална климатска адаптација“ се изработени препораки за адаптација на домашното земјоделството кон климатските промени. Во насока на  правилно информирање на целокупната јавност и пред се земјоделската заедница, проектот ја започнува националната кампања која предвидува дисеминација на информативни материјални, но и практични совети за земјоделците.  Во градовите каде ќе се спроведува кампањата, промотивните активности ќе бидат реализирани  во соработка со претставници на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, како важни чинители во процесот на размена на информации помеѓу стручната и научната јавност и земјоделците. Во дисеменацијата на материјалите ќе бидат вклучени и локални невладини организации и земјоделски здруженија, како и волонтери и активисти на ЦЕД Флорозон – Скопје.

За дополнителни информации контактирајте ја канцеларијата на ЦЕД Флорозон – Скопје на тел: +389 78 430 251 или e-mail: contact@florozon.org.mk

Флаер за климатските промени
Водич за агро-еколошки мерки
Мерки за адаптација на земјоделството кон климатските промени

 

Со почит,

Кирил Ристовски, проектен координатор