Известување за тековните активности во врска со рудниците „Тораница“ и „Злетово“

Од страна на концесионерот „БУЛМАК 2016“ на рудниците „Тораница“ и „Злетово“  до Градоначалникот на Општина Крива Паланка Арсенчо Алексовски и до Градоначалникот на Општина Пробиштип Тони Тоневски е испратен допис со информација за тековните активности во врска со наведените рудници.

Во дописот е наведено дека Компанијата концесионер „БУЛМАК 2016“  и во формално правна смисла станал сопственик на двата рудника односно ја превзела во владение целосната инфраструктура на рудниците, дека се подготвени докумените за административен почеток со работа за рестартирање на рудниците и е опишан начинот и текот за пополнување на работни места и дека ќе се вршат подготвителни работи за утврдување на фактичката состојба од страна на експерти. Концесионерот засилено работи и на техничка проверка и доопремување на флотацијата и набргу ќе започне со експлоатација и преработка на руда .

Подолу е интегралниот текст на дописот од компанијата „БУЛМАК 2016“.

Известување за тековни активности