Дневен ред на 29-та седница на Советот на Општина Крива Паланка

Врз основа на член 37, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 3 од Деловодникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 29-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 22.01.2016 година (петок) во 15,00 часот.

Д н е в е н р е д:

Усвојување на Записник од 28-та седница на Советот

1. Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Крива Паланка за 2016 година.;
2. Предлог – Решение за формирање Комисија за изработка на Програма за работа на Совет на Општина Крива Паланка за 2016 година;
3. Предлог – Одлука за изменување и дополлнување на Програмата за изработка на урбанистички планови и локална урбанистичка планска документација во Општина Крива Паланка за 2016 година;
4. Предлог – Одлука за утврдување на Нацрт-план на ДУП за блок 7-А во Крива Паланка;
5. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска доклументација со којаќе се изврши усогласување на на намените за кп.бр.2780 во КО Конопница, Општина Крива Паланка;
6. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска доклументација со којаќе се изврши усогласување на на намените за кп.бр.481 во КО Трново, Општина Крива Паланка;
7. Предлог – Одлука за усвојување на Годишен извештај за 2015 година „Слободен пристап до информации од јавен карактер на Општина Крива Паланка.

СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Претседател,
М-р. Борче Стојчевски,с.р.