Соопштeние за граѓаните – најубаво украсен двор и деловен објект

Почитувани граѓани,

По повод новогодишните и божиќните празници Општина Крива Паланка традиционално, по седми пат, ќе избира:
• најубаво украсен дуќан и
• најубаво украсен  дом (двор-балкон).

Со изборот Општината сака дополнително да ги мотивира граѓаните, нивните дворови и куќи, како и дуќани да заблескаат за време на претстојните празници.

Комисија, составена од вработени во општината, ќе излезе на терен, по што ќе бидата прогласени најдобрите и соодветно наградени.

Големина на фонт
Контраст