Соопштение за граѓаните

Почитувани сограѓани,

Ве известуваме дека по повод големиот христијански празник Бадник, на плоштадот во Крива Паланка се организира палење на бадниковиот оган. Церемонијата, како и години наназад, ќе се одржи на 6-ти jануари (вторник) 2015 г. во 16.00 часот и ќе биде во духот на традициционалниот начин на прославување и бадникарските обичаи. Општина Крива Паланка ги повикува граѓаните да дојдат на плоштадот и заеднички да го прославиме овој убав ден во пресрет на Бадник и Христовото раѓање – Божиќ.