Известување за граѓаните за акцијата „Ден на дрвото“

Традиционалната есенска акција „Ден на дрвото“ – Засади ја својата иднина ќе се спроведе на ден 03.12.2014 година (среда) на две локации на локалитетот „Златина падина“ во с. Дрење.

На определените локации  багремови садници ќе засадуваат учениците од Средното општинско училиште „Ѓорче Петров“, потоа учениците од VII, VIII и IX одделение при основните училишта „Јоаким Крчовски“ и „Илинден“, вработени во Локалната самоуправа, вработени во подрачните единици на министерствата, како и заинтересирани граѓани и здруженија.

Поаѓањата до локациите за пошумување се во 9,00 часот и 9,30 часот, од градската автобуска станица од каде до локацијата за пошумување се оди пешки (околу 2,5 км).

Вработените на ЈП „Комуналец“ садници ќе засадуваат на зелените површини во градот и приградските населби.

Големина на фонт
Контраст