Саниран дел од улицата „Јане Сандански“

Општина Крива Паланка изврши санација на дел од улицата „Јане Сандански“ поточно од влезот на старите градски гробишта па се до мостот на поројот „Нимулија“. Стариот асфалт беше заменет со целосно нов слој и истовремено беше извршена нивелација на улицата за одводнување на површинската вода во атмосферска решетка.

Општина Крива Паланка продолжува со градежните активност и во наредниот период согласно предвидената динамика и временските услови.

Извдеувач на градежните работи е градежната фирма „Лабино-Трејд“ од Гостивар.

Големина на фонт
Контраст