Посета на збратимениот град Лугож во Романија

По официјалната покана упатена од г-дин Францис Болдеа – Градоначалникот на збратимениот град Лугож- Романија,  делегација на општина Крива Паланка предводена од градоначалникот Арсенчо Алексовски оствари посета во периодот од 14 до 16 aвгуст 2013 по повод празникот на градот Руга Лугојана.

Посетата претставува продлабочување на соработката помеѓу двата града, јакнење на односите на пријателство и заеднички интерес и заедничко настапување за реализација на целите предвидени во договорот за збратимување потпишан во 2011 год. Овогодишната програма по повод Празникот Руга Логојана опфати:
Состанок во општинската сала на Општината Лугож каде се одржа состанок на Градоначалникот на општината Лугож, Францис Болдеа со делегациите на збратимените градови на оваа општина. Градоначалникот Болдеа при обраќањето посебно ја поздрави Македонската делегација, им посака добредојде и ја истакна подготвеноста за понатамошно развивање и продлабочување на меѓусебните односи.

Градоначалникот Алексовски се заблагодари за поканата и ја потврди обостраната подготвеност за соработка меѓу збратимените градови, притоа им го честита јубилејот на 20 години збратимување со унгарскиот град Саксзард и 30 години од збратимувањето со градот Јена – Германија. Градоначалникот Алексовски на Градоначалникот Болдеа  му подари плакета со мотив на Мајка Тереза која претставува синоним за чување на мирот во светот и добробитта на сите луѓе на земјата.


Потоа следуваше присуство на традиционалната Молитва која се одржа во православната црква за да потоа се проследија серија на улични перформанси во различни делови од градот, присуство на вечерната служба и посета на галеријата каде беше поставена ликовна изложба на познати ликовни автори.


Особено задоволство беше да се следи настапот на нашите играорци од КУД 8-ми Октомври кои со својот настап ги импресионираа сите присутни не само на градскиот плоштад туку и на сите места каде остварија настап, за што добија заслужен најголем аплауз Празникот Руга Лугојана е еден од поголемите општински празници со огромна посетеност и по овој повод секоја година се организира настап на познати музички имиња, а за оваа година тоа беше настапот на Бајага со Инструктори.


Посетата од страна на македонската делегација беше искористена и за остварување на конткати со администрацијата и претставници на институции и претпријатија.

Градоначалникот Арсенчо Алексовски, Директорот на ЈП Комуналец Томе Тодоровски и Советникот Игор Додевски остварија разговори со своите колеги не само од домаќинот туку и со останатите збратимени градови на општината Лугож во поглед на остварување на ЕУ проекти, искористувањето на добри практики, разменија искуства за комунални дејности, изградбата и подобрувањето на инфраструктура, културните активности и други области.

Делегацијата на Општина Крива Паланка исто така оствари посета и на збратимениот град Вршац – Р. Србија, како и на општина Пландиште каде беше примена од страна на Градоначалникот Милан Селакович. При оваа посета од страна на Градоначалникот Алексовски беше поздравена одлуката со која Општината Пландиште – Србија, во која живее голема македонска заедница, го прогласи македонскиот за службен јазик на општината, а воедно беа договорени одредени активости во поглед на културната размена и реализација на други проекти.

Македонската делегација воедно положи свежо цвеќе на гробот на Живко Стојановски – Потпретседател на Националниот совет на Македонската заедница во Србија и автор на голем број книги. Живко Стојановски има големи заслуги кои се во служба на ширењето на македонската култура, изучувањето на мајчиниот јазик и зачувувањето на нашите национални особености во Србија.


Големина на фонт
Контраст