Јавно известување

Врз основа на член 69 став 1 од Законот за животна средина („Службен Весник на Република Македонија“53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10 и 51/11, 123/12), Градоначалникот на општината Крива Паланка го дава следното

Ј А В Н О    И З В Е С Т У В А Њ Е

За Извештај за стратегиска оцена на животната средина за плански документ ЛУПД за изградба на МХЕЦ Станечка Река 1, КП 587, КО Станци, Општина Крива Паланка

Се известува заинтересирната јавност дека Општина Крива Паланка во постапката за донесување на урбанистички планови изработи Извештај за стратегиска оцена за животна средина на плански документ – ЛУПД за изградба на МХЕЦ Станечка Река 1, КП 587, КО Станци, Општина Крива Паланка.

Површината на предметниот опфат изнесува 1228 м2.

Во рамките на границите на опфатот предмет на ЛУПД за изградба на МХЕЦ Станечка Река 1, КП 587, КО Станци, Општина Крива Паланка не постои изграден фонд, односно просторот е урбанистички неуреден.

Изработениот Извештај како и нацрт планскиот документ се достапни на заинтересираната јавност на интернет страницата на Општина Крива Паланка секој работен ден /www.krivapalanka.gov.mk/ како и во просториите на Општина Крива Паланка секој работен ден од 14.03.2013 година до 12.04.2013година.

Јавната расправа ќе се одржи на ден 27.03.2013 година, во 10,00 часот во просториите на Општина Крива Паланка каде заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното  подрачје опфатено со планот можат да присуствуваат и да даваат свои забелешки, мислења и предлози.


ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА

Градоначалник,

Дипл. Правник Арсенчо Алексовски


Извештај за стратегиска оцена на животната средина за плански документ ЛУПД за изградба на МХЕЦ Станечка Река 1, КП 587, КО Станци, Општина Крива Паланка