Крива Паланка е град на културата за 2013

Министерството за култура одлучи град на културата за 2013 година да ја прогласи Крива Паланка. По разгледувањето на апликациите пристигнати на конкурсот за финансирање проект од национален интерес за манифестацијата „Град на културата за 2013 година”, одлучено е дека Општина Крива Паланка, со понудената апликација, ги исполнува условите да биде престолнина на културата за 2013 година.

Програмата на Општина Крива Паланка содржи конкретни, квалитетни и разновидни културни содржини од сите дејности. Во реализацијата на активностите ќе учествуваат установи и здруженија на територијата на општината, односно националните, општинските и образовните установ.

Комисијата, која ги разгледуваше пристигнатите пријави, посебно ја истакна предноста на општината Крива Паланка поради нејзината геостратегиска положба, како и добрата соработка со соседна Република Бугарија и големата фреквенција на движење. Комисијата, исто така, го изрази задоволството од вклучувањето на повеќе културни содржини во комплексот „Свети Јоаким Осоговски” со што ќе се поттикне културниот туризам во регионот”, соопштија од министерството.

ПРОГРАМА „КРИВА ПАЛАНКА -ГРАД НА КУЛТУРАТА 2013“