Дневен ред на 51-та седница на Советот на Општина Крива Паланка

Врз основа на член 35 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр. 5/08), претседателот на Советот на Општина Крива Паланка  свикува   51-та седница на Советот на Општина Крива Паланка за 28.12.2012 година (петок) во 12,00 часот. Седницата ќе се одржи со следниот
Д н е в е н   р е д:

– Усвојување на Записници од 49-та и 50-та седница на Совет

1. Новогодишно обраќање на Градоначалникот;

2. Предлог – Одлука за усвојување на  Буџетот на Општина Крива Паланка за 2013 година;

3. Предлог – Одлука  за извршување на Буџетот на Општина Крива Паланка за 2013 година;

4. Предлог – Одлука за усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Кирива Паланка  К1, К2 и К3  за III квартал за 2012 година;

5. Информација за превземени мерки и активности во ПС од ОН – Крива Паланка во текот на 1-то полугодие и 3-то тромесечие од 2012 година;

6.Предлог – Одлука за избор на Командир на Полициска Станица

7.Предлог – Одлука за усвојување на физибилити студија за оправданост од воведување на енергетска ефикасност и модернизација на системот за јавно осветлување во Општина Крива Паланка со модели на јавно приватно партнерство;

8. Предлог – Одлука за донесување на измени и диполнување на ДУП за урбан модул „Стар Пролетер“ во Крива Паланка;

9. Предлог – Одлука за усвојување на Програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на Општина Крива Паланка за 2013 година;

10. Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката за промена на седиштето на ЛУ Градски Музеј – Крива Паланка;

11.Предлог–Одлука за давање согласност на Одлуката за упис на промена/дополнување на трезорски сметки на ЛУ Градски Музеј – Крива Паланак во ЦР на РМ;

12. Предлог – Одлука за давање на согласност за аплицирање на проект.

СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Претседател,

Милка Митовска,с.р.

Големина на фонт
Контраст