Известување за одржување на јавна расправа

Почитувани,

Ве известуваме дека на ден 20.09.2012 (четврток) во Големата сала на општина Крива Паланка со почеток во 12.30 часот ќе се одржи ЈАВНА РАСПРАВА во врска со проектот за подобрување на општинските услуги, финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој, а преку Министерството за финансии на РМ.

Јавната расправа ќе ги опфати сите аспекти  за реализација на проектот.

На јавната расправа се покануваат да земат учество сите заинтересирани граѓани, со што би допринеле за подобрување на квалитетот на реализацијата на овој проект.

ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Градоначалник,
Арсенчо Алексовски

 

Големина на фонт
Контраст