Известување за граѓаните

Почитувани сограѓани,

Во врска со чествувањето на верскиот празник Преображение, на местото помеѓу с.Огут и с.Лесница,  Ве известуваме дека  на 19.08.2012 државната граница ќе биде отворена кај граничен камен 12 во с.Огут, во време од 08.00 до 20.00 часот. Граѓаните државната граница може да ја преминуваат со важечка лична карта или патна исправа, а за моторни возила (ПМВ, моторцикли и комби) со зелен картон. За деца потребни документи за преминување на државната граница се: здравствена книшка, извод од матична книга на родени, ученичка книшка и сл.,но исклучиво во присуство на родител.

                                              

Големина на фонт
Контраст