Дневен ред на 43-та седница на Советот

Врз основа на член 35 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр. 5/08), претседателот на Советот на Општина Крива Паланка  с в и к у в а   43-та седница на Советот на Општина Крива Паланка за 22.06.2012 година (петок) во 14:30 часот. Седницата ќе се одржи со следниот

Д н е в е н   р е д:

Усвојување на Записници од 41 и 42-та седница на Совет

1.  Разгледување на физибилити студија за одржување на јавното осветлување во Општина Крива Паланка со моделите на ЈПП;

2.Предлог -Одлука за усвојување на физибилити студија за одржување на јавното осветлување во Општина Крива Паланка со моделите на ЈПП;

3. Разгледување на Одлуката од Управниот одбор на ЈП „Комуналец“ – Крива Паланка;

4. Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката од Управниот одбор на ЈП „Комуналец“ – Крива Паланка;

5. Предлог – Одлука за усвојување на Програма за поставување на урбана опрема во Општина Крива Паланка;

6. Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште за 2012 година;

7. Предлог – Одлука за донесување на измени и дополнување на Генерален урбанистички план за дел од Блок 10; 11 и 12 за урбан модул „Касарна до магацин на Тигар“ во Крива Паланка;

8. Предлог – Одлука за проширување на Комисијата за проценка – утврдување на пазарна вредност на недвижен имот;

9. Предлог –Одлука за изменување на Одлулката на комуналните такси на Општина Крива Паланка; и

10 Предлог –  Одлука за усвојување на Програма за работа на ЈП „Комуналец“ за 2012 година.

 

Совет на Општина Крива Паланка
Претседател,
Милка Митовска

Големина на фонт
Контраст